/ Прочитано:

973

Усвоени измените на Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица

„Владата го утврди предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година, и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието на Северна Македонија.

Согласно финансиските показатели проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4% заради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19.

Приходната страна на Буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар.

Со ребалансот на Буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно.

Сите мерки од пакетите 1,2,3 и 4 за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата преку ликвидност на компаниите, и за зголемување на јавната потрошувачка.

Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во Буџетот ќе се задржи исполнувањето на обврските како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти.

На денешната седница, на предлог на Министерството за финансии утврден е Предлог – законот  за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба (објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 133 од 28.06.2019 година)  се создава можност физичките лица кои се пријавени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, со цел враќање на ДДВ-то за фискалните сметки издадени на 10,11 и 12 октомври да им се врати целиот износ на данокот на додадена вредност.

Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10,11 и 12 октомври 2020 година“, соопштуваат од Владата.

Усвоени заклучоците на Комисијата за заразни болести

М.В