/ Прочитано:

1.205

Усвоени протоколите за основните и за средните училишта

Владата на предлог на Министерството за образование и наука, ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и го усвои Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта.

„Согласно Планот за одржување на наставата, Владата ги усвои Протоколите за постапување на основните училишта и средните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Алгоритамот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19.

За членови на Kомисијата за разгледување поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство, Владата ги назначи Елена Ивановска од Министерство за образование и наука, Ѓорги Тасев од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и прим. д-р. Гордана Кузмановска од Министерство за здравство.

На оваа своја седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано да отпочне од 9 септември 2020 година, а до тогаш градинките се должни да се подготват за работа.

Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање“, соопштуваат од Владата.