/ Прочитано:

2.152

Усвоени стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе

Владата ги усвои стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе. Тие уредуваат постапки, процедури и начини на обезбедување помош и заштита на сите жртви на трговија со луѓе, без разлика дали се домашни или странски државјани, со легален или илегален влез во државата, преку сеопфатен приод заснован на човекови права и насочен кон жртвата во форма на институционализирани рамки на соработка.

Стандардните оперативни процедури треба да овозможат координирано постапување и партнерство на сите страни вклучени во борбата против трговијата со луѓе на локално, национално и меѓународно ниво, заради заштита на човековите права на жртвите, подобрување на идентификацијата на жртвите на трговија со луѓе, како и да дадат насоки за давање помош и заштита на жртвите на трговија со луѓе во согласност со нивните човековите права.