Усвоени законски измени за формирање одделение за прекршоци во Министерството за економија 

Владата ги усвои предлог-законите за изменување на законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и за контрола на предметите од скапоцени метали.

Измените на сите 3 закони се поврзани со измените во Законот за државен пазарен инспекторат, кој претрпи измени поради конфликт со важечката систематизација на Државниот пазарен инспекторат со која се укина одделението за прекршоци. Со измените на наведените 3 закони се овозможува да се формира одделението за прекршоци во Министерството за економија.

M.В