Усвоени законски измени за намалување на судските такси
Измени на Законот за судските такси најави денеска министерот за правда.
„На мој предлог, Владата ја усвои Предлог-измената на Законот за судските такси, со која судските такси се намалуваат за осум пати на максималната судска такса за физичките лица. Со други зборови, максималната судска такса за физичките лица, за граѓаните, се намалува од 48.000 денари на 6.000 денари“, потенцираше денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ.
Со Законот за судските такси се уредува плаќањето на судските такси за дејствија пред судовите в и Таксената тарифа, која е составен дел на овој закон.
Министерот за правда најавува проверка на работата и на имотната состојба на судиите
М.В