/ Прочитано:

822

Усвоено Мислењето за прифаќање на иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување

„Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 168. седница го усвои Мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), поднесена од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во Мислењето на Министерството за правда.

Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на Законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на членот 11 од Законот за помилување, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, соопштуваат од Владата.

УСТАВНИОТ СУД: Со прејудицирањата се врши директен притисок за нормално функционирање на Судот

Помилувањата на Иванов повторно актуализирани

Издвоено мислење на уставни судии во врска со решението на Уставниот суд за членот 11 од Законот за помилување

Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата затоа што тие веќе не постојат во правниот поредок

Уставниот суд в среда ќе ја разгледува уставноста на помилувањата

ИВАНОВ: Дејствував превентивно за да спречам меѓумакедонски судир кон кој туркаа некои вжештени глави

АБОЛИЦИЈА: Од помилувањето до поништувањето на одлуките

Претседателот Иванов ги поништи и преостанатите одлуки за помилување

Поништени одлуките за помилување на Груевски, Заев, Мијалков, Јанкулоска и неколку функционери од локалната власт

Претседателот Иванов ги повлече одлуките за аболиција на 22 политички експонирани лица

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ: Правна основа за поништување на помилувањето дадено од Претседателот на Републиката

ИВАНОВ: Сè уште нема правна основа за повлекување на одлуките за аболиција

По повикот на Иванов, Кабинетот ги примил првите барања за повлекување на одлуките за помилување

Одлуките на Иванов се незаконити, коментираат професори, адвокати и поранешни уставни судии

ОБЈАВЕНИ ПОМИЛУВАЊАТА: Груевски, Мијалков, Црвенковски, обвинители во СЈО

(ОБНОВЕНО) ОДЛУКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ: Прекин на сите постапки против политичари

ПРЕДЛОГ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ: Претседателот да не помилува за незаконско прислушување и злосторничко здружување

НАМЕСТО ДА ГО ШТИТИ, УСТАВНИОТ СУД ГО ПОВРЕДИ УСТАВОТ – Уставните судии кои не гласаа за укинување на измените на Законот за помилување

„Уставниот суд да не се става во улога на законодавец, туку да го штити начелото на поделба на власта“– ИГОР СПИРОВСКИ, адвокат и поранешен уставен судија

Под аргументот „еднаквост на граѓаните“ некој станува „поеднаков“ од другите – адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за одлуката Уставниот суд

М.В