/ Прочитано:

1.875

Утврден колективниот договор со кој администрацијата се стекнува со право на К-15

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата и го утврди текстот на Гранскиот колективен договор на органите на државната управа, на стручните служби на Владата, на судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, на државното правобранителство, на единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

„Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ.

Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања во земјата на кои досега немаа право, се утврдува право на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности и тоа до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права на работниците и обврски на работодавачите“, соопштуваат од Владата.

М.В