/ Прочитано:

1.938

Утврден пакетот закони за социјалните реформи

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата ги утврди дел од предлог-законите од пакетот реформи, како што се Предлог-законот за социјалната заштита, Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.

Во делот на социјалните реформи беа усвоени и предлог-програмите за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување на социјалната заштита за 2018 година, како и предлог-програмите за изменување и дополнување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2018 година.

Објавен текстот на Предлог-законот што предвидува социјална пензија на стари лица

МТСП подготвува измени на Законот за заштита на децата

Јавна консултација за Предлог-законот за социјална заштита

Извештај за предлог-реформата на системот на социјална и детска заштита

Ќе се менуваат законите за пензиското осигурување и за придонесите од задолжително социјално осигурување

Во подготовка Закон за социјална сигурност за старите лица: Посебно парично давање за старите лица кои не оствариле пензија

Во подготовка Закон за социјалната заштита, чија цел е подобрена ефикасност на социјалните услуги

М.В