/ Прочитано:

465

Утврден Предлог-законот за финансиска стабилност

„Предлог-законот за финансиска стабилност има за цел да придонесе кон одржување на стабилноста на финансискиот систем во целина; да го спречи и да го намали кумулирањето на системските ризици; да ја зајакне отпорноста на системот; да обезбеди одржлив придонес на финансискиот систем кон економскиот раст и да постигне усогласување со Регулативата (ЕУ) бр.1092/2010 за макропрудентен надзор на финансискиот систем на Европската Унија и формирање Европски одбор за системски ризик. Законот, чие донесување се предлага треба да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем и  поголема сигурност и еднаквост на финансиските субјекти“, образложуваат од Владата.

М.В