/ Прочитано:

1.664

Утврден Предлог-законот за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за преземање на административни службеници вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност.

„Целта на овој закон е да се распоредат нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку оваа програма во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје и акционерски друштва во државна сопственост“, соопштуваат од Владата.

М.В