Утврден редоследот на листата на кандидатите за претседател

ДИК денеска на јавна седница со ждрепка го утврди редоследот на листата на кандидатите за претседател.

Според редоследот на кандидатите за претседател утврден по пат на ждрепка, на гласачкото ливче под број 1 ќе се најде кандидатот Блерим Река, под број 2 – Гордана Силјановска-Давкова, и под број 3 – Стево Пендаровски. Сите тројца кандидати се предложени од најмалку 10 илјади избирачи и нивната кандидатура е поддржана од политички партии.

ДИК на јавна седница со ждрепка ќе го утврди редоследот на листата на кандидатите за претседател

М.В