/ Прочитано:

1.205

Утврден текстот на повеќе закони од областа на националната безбедност и разузнавањето

Владата го разгледа и го утврди новиот текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност. Донесувањето на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, велат од Владата, ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, која нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, односно се предлага основање на Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Северна Македонија.

Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во извештаите за Република Северна Македонија на Европската комисија, преку воспоставување на модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со кој Управата за безбедност и контраразузнавање нема повеќе да биде орган во состав на Министерството за внатрешни работи, туку се предлага основање на Агенција за национална безбедност со цел заштита на националната безбедност на државата, односно независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата.

Владата го утврди и новиот текст на Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.

Со Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија се предвидува формирање на посебно тело за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, со точно утврден делокруг на работа, состав, начин на работа и донесување на одлуки, како и конкретни аспекти во врска со неговата работа, кои се предвидуваат во функција на спроведување ефикасна координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

„Предлогот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија произлегува од усвоените заклучоци од Советот на Европската Унија од 26.06.2018 година, а потврдени од Европскиот совет на 28.06.2018 година, во чии рамки е нагласена важноста да продолжи напредокот во имплементацијата на Итните реформски приоритети и испорачувањето дополнителни одржливи резултати во областа на: правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција“, информираат од Владата.

Исто така, Владата на РСМ ги разгледа и ги утврди Предлог-законот за изменување на Законот за следење на комуникациите, како и Предлог-законот за изменување на Законот за внатрешни работи, заради усогласување со Предлог-законот за Агенција за национална безбедност и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија.

Објавен Предлог-законот за реформа на УБК: Новата Агенција за внатрешно разузнавање ќе спречува шпионажа

Ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање: МВР подготвува нови закони и законски измени

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“

Брифинг за реформите во правосудството, јавната администрација и контролата врз безбедносните служби

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В