/ Прочитано:

1.494

Утврден текстот на Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите

Владата на РСМ  го утврди и текстот на Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година.

„Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Имено, овој попис ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на пописот. Друга новина во овој попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.

Владата му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да го усвои Предлог-законот за попис, 2020, со што ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван попис на населението, домаќинствата и становите кој, според предвидениот акциски план, треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година“, соопштуваат од Владата.

Објавен текстот на Предлог-законот за попис

Новиот Закон за попис се подготвува во Министерството за правда

М.В