/ Прочитано:

1.520

Утврден текстот на Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување

Владата го утврди текстот на Предлог-законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на платите. Со него ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот на РСМ во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.

„Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија. Притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата“, велат од Владата

Предлог-закон: Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување

М.В