Утврден текстот на Предлог-законот за заштита на личните податоци
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита на личните податоци, во кој, освен што се врши усогласување со регулативата на ЕУ за ова прашање, се воведуваат нови решенија во однос на обработката на личните податоци.
Позначајните решенија, велат од Владата, се однесуваат на начелото на отчетност и одговорност, и тоа како на ниво на контролор/обработувач така и на ниво на држава, потоа на дополнителните обврски за контролорите, односно обработувачите, како и во однос на воспоставувањето на институтите приватност при дизајнирање на информациски системи кои обработуваат лични податоци и проценка на влијанието на предвидените процеси на обработка во однос на заштитата на личните податоци.
„Во новиот предлог-закон се воведува контролен механизам на органите за заштита на личните податоци за нивно консултирање во однос на предлози за какви било законски или подзаконски акти кои вклучуваат обработка на личните податоци, како и обврска за обезбедување дека органите за заштита на личните податоци ќе ги имаат сите неопходни ресурси за ефективно извршување на нивните функции и да ги извршуваат нивните овластувања, како и нагласување на нивното самостојно, независно и непристрасно функционирање“, образложуваат од Владата.
Министерство за правда го подготвува новиот Закон за заштита на личните податоци
M.В