Утврдени измените на повеќе закони од областа на животната средина
Владата ги утврди измените на Законот за заштита од бучава во животната средина, на Законот за планински патеки, на Законот за животна средина, на Законот за заштита на природата, на Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, на Законот за водите и на Законот за генетски модифицирани организми.
„Како предлози за изменување и дополнување на овие закони се предлагаат зголемени казни за прекршоци со цел да се превенираат сериозни прекршувања на законските решенија за овие аспекти за заштита на животната средина.
Дополнително со измените и дополнувањата што се предлагаат во Законот за квалитет на амбиентниот воздух за поголема ефикасност на мерките што произлегуваат од законот, се појаснуваат надлежностите и процедурите за изготвување и усвојување на планови за квалитет на воздухот и на краткорочните акциски планови и се утврдуваат критериумите за тоа кои единици на локалната самоуправа се должни да подготвуваат и спроведуваат вакви планови.
Исто така измените и дополнувањата на законот дефинираат и надлежности на одредени органи на државната управа со цел да се олесни спроведувањето на одредени краткорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот при надминување на прагот на алармирање. Дополнително, се даваат овластувања на други државни инспекторати за вршење надзор во спроведување на краткорочните мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Со измените и дополнувањата на Законот за животна средина се доуредува пропишувањето на одредби со кои се дефинираат контаминирани подрачја, како и воспоставување на правен основ за донесување на методологија за идентификување на контаминирани подрачја, односно воспоставување на одредби со кои се уредува постапувањето со контаминирани подрачја и се доуредува финансирање во животната средина“, образложуваат од Владата.
Законските измени за зголемени казни во областа на животната средина во собраниска процедура
До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина
Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота
Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина
М.В