Утврдени измените на ЗПП, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители
Владата го утврди текстот на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, на Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на Кривичниот законик.
Со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина нападот врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.
Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење“ за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација вклучувајќи и преку интернет.
Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата којашто ќе ја плаќаат новинарите за изгубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2000 евра на максимални 400 евра.
Со новото кривично дело „Демнење“ се предвидуваат строги санкции за вознемирување и преку интернет
Со измените на Кривичниот законик нападот на врз новинар ќе се казнува како напад врз службено лице
Маричиќ: Во подготовка е нов Кривичен законик и нов Закон за потекло на имот
Неопходно е инкриминирање на фемицидот во Кривичниот законик
Адвокатите да достават предлози и забелешки за измените на Кривичниот законик
Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена
Адвокатите да достават предлози и забелешки на Кривичниот законик
Измени на Кривичниот законик за заштита на новинари од напади при вршење на службата
M.В