Утврдени измените на ЗРО, според МТСП за над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор
Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за работните односи, со кои се креирани законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор во недела и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.
Во насока на предложените законски решенија за прогласување на неделата како неработен ден, на седницата беа усвоени и измените и дополнувањата на Законот за трговија со цел да се уреди работното време во трговијата во недела и на празници, како и исклучоците во трговијата на мало за кои ќе биде дозволено работа во ден недела и на празници.
Недела – ден на неделен одмор станува реалност, обезбедивме ден за семејството, а оние што ќе работат добиваат за 50 до 100% повисоки дневници и слободен ден, оцени министерката Јагода Шахпаска по одлуката на Владата да го усвои Предлог-законот за работни односи и да го достави во собраниска процедура, а неговата имплементација ќе почне од 1 октомври оваа година.
Според анализите на Министерството за труд и социјална политика за над 92% од вработените во државата недела ќе биде ден за неделен одмор.
Ова законско решение е изработено со учество на сите партнери во социјалниот дијалог, претставници на работниците преку синдикатите и на работодавачите. Законот предвидува недела да биде ден на неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде што работниот процес не може да биде прекинат.
„Овие работници за работа во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната дневница. Дополнително, ќе добијат и слободен ден што ќе го користат во наредните седум дена“, рече министерката Шахпаска.
Со измените на Законот за трговија за вработените во трговијата предвидена е двојна дневница и слободен ден бидејќи не станува збор за дејност која не може да се прекине.
Имплементацијата на законот ќе биде контролирана од страна на Државниот инспекторат за труд, а оние кои нема да го почитуваат ќе се соочат со забрана за работа од 15 дена и им се издава прекршочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена.
„Во периодот на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок на плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не смее да го намали бројот на вработените“, истакна Шахпаска.
Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија
Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО
Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО
Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор
Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии
Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците
Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство
Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право
Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП
Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ
Се подготвуваат измени на Законот за работните односи
M.В