/ Прочитано:

446

Утврдени повеќе закони кои се во надлежност на МВР

Владата ги утврди текстовите на: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личното име, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Северна Македонија и Предлог-законот за дополнување на Законот за матичен број, коишто се во надлежност на Министерството за внатрешни работи.

„Станува збор за закони кои се дел од националното законодавство, во кои ќе се имплементираат предвидените процеси за дигитализација во пракса, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи“, посочуваат од Владата.

М.В