/ Прочитано:

1.115

Утврдени се Предлог-законот за јавното обвинителство и измените на Законот за Советот на јавните обвинители

Утврдени се текстовите на Предлог-законот за јавното обвинителство и на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители. Законите се дадени на усвојување во Собранието на РСМ, информираат од Владата.

„Владата на Република Северна Македонија на својата 8. редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство, за кој е одлучено да оди на усвојување во Собранието на Северна Македонија по скратена постапка.

Утврдениот Предлог-закон е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности, со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.

Решението на Предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази.

Новина во Предлог-законот е изборот на јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој ќе се се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. За основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Советот ќе го именува кандидатот којшто ќе освои најмногу гласови од листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите согласно овој закон.

Предметите од надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите преземени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон.

На оваа 8. седница е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој исто така на Собранието на Северна Македонија му се предлага да биде усвоен по скратена постапка“, се наведува во соопштението на Владата.

Целта на предложените измени и дополнувања е да се обезбеди правна рамка за независен, поактивен и влијателен Совет на јавни обвинители, со посилна улога во спроведувањето на обвинителската слобода на одлучување.

Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на оваа седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година.

Заклучоци од јавната расправа за новиот Предлог-закон за јавно обвинителство, која продолжува и денеска

Продолжуваат разговорите за новиот Закон за јавното обвинителство

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

на Карпош и на Битола

М.В