/ Прочитано:

409

Утврдени законските измени за европскиот број за итни повици

Владата го утврди текстот на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи кој  предвидува усогласување со реализацијата на Проектот и започнатата имплементација на Европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија, E-112.

Министерството за одбрана претходно најави дека подготвува измени на Законот за управување со кризи.

„Потребата од измена и дополнување на Законот за управување со кризи произлегува од неговото усогласување со реализацијата на проектот и започнатата имплементација на европскиот број за итни повици во Република Северна Македонија E-112“, посочуваат од Министерството за одбрана.

Измени на Законот за управување со кризи во врска со европскиот број за итни повици

М.В