/ Прочитано:

1.047

Утврдени законските измени за гарантирана минимална помош за лицата и домаќинствата во време на вонредни околности

„На предлог на Министерството за труд и социјална политика на оваа седница е утврден Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за да се олесни и поедностави пристапот до правото на гарантирана минимална помош за лицата/домаќинствата во време на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди).

Согласно динамиката на поднесени барања и траењето на пандемијата во наредниот период, со овие олеснувања се очекува да бидат опфатени околу 5000 нови домаќинства во 2021 година“, соопштуваат од Владата.

М.В