/ Прочитано:

831

Утврдени законските новини за пензиското и инвалидското осигурување

„На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата го утврди Предлог-законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кој се предлага дополнително усогласување на пензиите, покрај редовното усогласување, уредено со членот 37 став (1) и (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Дополнителното усогласување е поврзано со порастот на минималната плата за повеќе од 15% и со порастот на просечната плата за повеќе од 5%. На овој начин се дава можност висината на пензиите да расте со вредноста на платата, што овозможува подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија“, соопштуваат од Владата.

М.В