/ Прочитано:

1.876

Утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

На дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата е утврдувањето предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се пропишува дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со овој закон.

Членовите на Комисијата имаат статус на именувани лица кои функцијата ја извршуваат професионално и таа е неспојлива со извршување на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. На членот на Комисијата му престанува јавната функција со денот на неговиот избор. Доколку членот на Комисијата пред неговиот избор бил во работен однос, работниот однос му мирува.

Состав на Комисијата

Комисијата е составена од седум членови кои ги избира и ги разрешува Собранието на Република Северна Македонија.

Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен повторен избор.

При изборот на првиот состав на Комисијата согласно со овој закон, четири членови се избираат со мандат од пет години, а тројца членови со мандат од три години, со право на уште еден последователен повторен избор.

Од редот на избраните членови, Комисијата избира претседател со мандат од една година, без право на повторен избор.

Членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина и при изборот на членовите на Комисијата се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество.

Мрежата за заштита од дискриминација претходно побара од Собранието на РСМ да започне транспарентна и отчетна постапка за избор на професионални, искусни и непартиски лица за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои ги исполнуваат условите во согласност со членот 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

„Огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше објавен во ‘Службен весник бр. 279/2020’ на 24 ноември 2020 година и трае 30 дена од неговото објавување, односно до 24 декември 2020 година.

Соочени со нетранспарентниот избор на партиски и непрофесионални кадри за членови во изминатите два мандати на Комисијата, Мрежата за заштита од дискриминација упатува јавен апел до Собранието на РСМ за отпочнување на транспарентна постапка за избор на членови на КСЗД, коишто ги исполнуваат условите и навремено, и постојано информирање на граѓаните, на здруженијата на граѓани и на медиумите за текот на постапката. Собранието по завршувањето на огласот, а со цел запознавање на јавноста, потребно е да направи низа чекори кои се предуслови за спроведување на отчетна и фер постапка за избор, водејќи сметка на квалитетот и на искуството на избраните кандидати.

Бараме од Собранието во најбрз можен рок по завршување на огласот да спроведе јавна расправа на која ќе се претстават кандидатите за членови на КСЗД, додека здруженијата, медиумите и другите заинтересирани страни ќе имаат можност да им поставуваат прашања на кандидатите и да дискутираат по нивниот избор. Оттука, бараме Собранието да ги објавува биографиите на пријавените кандидати на веб-страницата на Собранието на РСМ, во рок од минимум седум дена пред одржување на јавната расправа; емитување во живо на собранискиот ТВ-канал на јавната расправа, односно сослушувањето/интервјуирањето на кандидатите пријавени на огласот.

Дополнително, повикувајќи се на членот 16 став 5 од ЗСЗД, во согласност со кој членовите на Комисијата треба да го одразуваат составот на општеството во целина, Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието при изборот да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово-балансирано учество и избор на лица кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии.

Истакнуваме дека независна Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претставува предуслов за обезбедување на правна сигурност на граѓаните и меѓународен стандард во заштитата од дискриминација во согласност со меѓународните пропишаните критериуми за национални институции“, посочија од Мрежата.

Хелсиншкиот комитет бара и транспарентен избор на Комисијата за заштита од дискриминација

Што се предвидува во Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен од Собранието

Јавна расправа за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за заштита од дискриминација ги штити правата на граѓаните, вели министерката за труд

Законот за спречување и заштита од дискриминација пред пратениците

Нов Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација

Став и анализа на Блупринт за укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

За укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Уставниот суд го укина Законот за спречување и заштита од дискриминација

М.В