/ Прочитано:

1.015

Утврдување предлог за избор на членови на Судскиот совет

На дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата е утврдувањето предлог за избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Во Законот за Судскиот совет е утврдено дека Советот е составен од 15 члена, од кои:

– по функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија и министерот за правда,

– осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови. Тројца од избраните членови се припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија, при што ќе се запази соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници,

тројца членови на Советот ги избира Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија и

– двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Северна Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Северна Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Членовите на Советот по функција не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

М.В