/Прочитано:

463

Утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

На дневен ред на денешната седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се повеќе точки. Меѓу нив е точката за утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд.

Точките на дневниот ред:

„Утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија;

Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна  Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (НАТО);

Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ);

Утврдување предлог-одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК);

Утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции;

Утврдување предлог-одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави;

Утврдување предлог-одлука за именување член на Државната комисија за жалби по јавни набавки;

Утврдување предлог-одлука за именување членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации;

Утврдување предлог-одлука за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата;

Утврдување предлог-одлука за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти;

Утврдување предлог-одлука за именување претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври”;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „22 Ноември“;

Утврдување предлог-одлука за именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“;

Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на  Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември“;

Предлог-одлука за определување коефициент за утврдување на платата на претседателот и на членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки и

Барањe за остварување на надоместокот за закупнина на стан.“

М.В