Трагедија во Параќин: Пронајдени безживотните тела на четири момчиња

Вторник, 10 јануари – Српската полиција утринава околу 08:30 часот во куќа во атарот на селото Својново, Општина Параќин, ги затекнала безживотните тела на четири млади момчиња, на возраст меѓу 17 и 20 години, изјави портпаролот на полициската станица во Јагодина Гордана Цветиќ, пишува весникот „Блиц“.

Неофицијално причина за смртта е труење со јаглерод моноксид. Момчињата вчера заминале во викендицата за да прават скара, а нивните тела утрово ги пронашол таткото на едно од момчињата.

Ова го потврди и министерот за внатрешни работи и премиер на Србија, Ивица Дачиќ.  Телата се однесени на обдукција.