/ Прочитано:

411

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, реагираат синдикатите

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, истакнаа денеска од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против војата на поединецот“, се наведува во реакцијата на ССМ.

Ниту еден закон не им дава право на работодавците да бараат од работниците да се тестираат и тоа на свој трошок.

Синдикатот посочува дека во изминатиот период до него пристигнале обраќања од работници кои не се вакцинирани во кои укажуваат дека не им е дозволено да влезат на работа без сертификат за вакцинација или негативен тест направен на нивни трошок.

ССМ се обратиле до Државниот инспекторат за труд од каде добиле одговор дека ваквите однесувања на работодавачите се незаконски.

„Во врска со пријавите од ССМ добивме и известување од Државниот иснпекторат за труд со кое сме информирани дека ваквите однесувања на работодавачите кои забрануваат влез за невакцинирани работници или ги задолжуваат да донесат негативен Ковид тест на свој трошок како услов да дојдат на работа, се незаконити. ДИТ постапувајќи по пријавите на ССМ, правилно ги применил законите и по спроведен инспекциски надзор ги укинал спорните одлуки на работодавачите“, се навадува во соопштението од ССМ.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) реагира на најновите мерки за вработените во јавниот сектор што ги предлага Комисијата за заразни болести.

„Со предложените мерки се кршат основните човекови права“, нагласуваат од КСС.

„Вакцинирањето треба да е личен избор, а не да се наметнува со мерки, како што тоа сака да го наметне Комисијата за заразни болести на чело со министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот на Комисијата, трошоците за ПЦР тестовите да бидат на трошок на вработените за нас е неприфатлив, со оглед на тоа дека над 80.000 вработени во јавниот сектор се на минимална плата која не е доволна да се преживее во текот на месецот. Недозволиво е на осиромашените работници, да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа да се прекршуваат и нивните човекови права“, велат од КСС, од каденаведуваат дека доколку бидат прифатени предложените мерки, синдикатот ќе ги искористи сите синдикални мерки што и се на располагање за да не се применуваат.

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид

Соопштение за рестриктивните мерки

Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти

Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки

Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки

За влез во трговски центри кои се затворени задолжително треба да се покаже сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19

Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки

Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки

Новите мерки на Владата за превенција и заштита од коронавирусот основа за дискриминација во остварување на човековите права и слободи

Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки

М.В