/ Прочитано:

3.056

Ванчо Марковски избран за нов претседател на Комората на извршители

„Собранието на Kомората на извршители на Република Северна Македонија на седница во Скопје на 01.10.2020 година избра нов Претседател на Комората со мандат од три години започнувајќи од 11.10.2020 година. За нов Претседател на Комората на извршители на РСМ е избран Ванчо Марковски, извршител од Тетово.

На седницата на Собрание на КИРСМ беа избрани и нови членови на Управниот одбор на  Комората на извршители на РСМ со мандат од три години започнувајќи од 16.11.2020 година. За член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Штип е избран извршител Славе Дончев од Кочани а за член на Управниот одбор од подрачјето на Апелациониот суд Гостивар е избран извршител Чедомир Личковски од Гостивар.

За членови на Управен одбор од подрачјето на Апелациониот суд Скопје не беше избран ниту еден од кандидатите.

За член на Дисциплинска комисија од редот на извршителите со мандат од три години започнувајќи од 01.10.2020 година е избран извршител Славица Ацовска од Тетово“, соопштуваат од  Комората.

М.В