/ Прочитано:

1.679

ВАНГЕЛОВСКИ: Пресудата на Врховниот суд мора да се почитува

Пресудата на Врховниот суд во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан е исправна и извршна и мора да се почитува, вели претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

„Со пресудата ние не го укинавме притворот, туку одлучивме по барањето за заштита на законитоста против решението со кое е определен притворот. Ние само ја оценивме законитоста на решението на пониските судови и најдовме дека барањето за заштита на законитоста поднесено од републичкиот јавен обвинител е основано и врз основа на тоа донесовме пресуда, бидејќи имало повреда на законите“, рече Вангеловски на денешниот настан во врска со годишните извештаи за работата на судовите.

Според Вангеловски, со пресудата Врховниот суд не го ослободил Кочан од притвор, туку само го укинал решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 и на Апелацискиот суд.

„Се работи за погрешно толкување на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 дека во ваков случај жалбата не го одлага извршувањето и притоа се повикува на член 169 од Законот за кривична постапка. Во овој член точно се предвидени сите случаи за кои жалбата не го одлага извршувањето, а во случај кога првпат Кривичниот совет определува притвор врз основа на жалба на обвинител истиот овој член 169 нема одредба дека жалбата не го одлага извршувањето. Штом нема таква одредба, се применува  општата одредба, а тоа е член 442 од Законот за кривична постапка каде што стои дека во кривична постапка жалбата го одлага извршувањето, освен во случаите каде што изречно не е наведено  дека не се одлага. Во овој случај, изречно не е наведено такво нешто, па следствено на тоа жалбата го одлага извршувањето. Има и една општа одредба дека секогаш кога се толкува примена на закон, ќе се толкува во полза на обвинет во секој случај  кога постои нејаснотија за толкување, но во овој случај нема потреба од такво толкување, бидејќи има многу јасна законска одредба и со право републичкиот обвинител го поднел барањето за заштита на законитоста. Јас и членовите на Советот стоиме зад пресудата која ја донесовме и таа мора да се почитува“, потенцира Вангеловски и додаде дека со укинувањето на двете решенија од страна на Врховен суд постапката е вратена во фаза на одлука на Кривичниот совет.

За спорењето на СЈО во однос на барањето за заштита на законитоста поднесено од  републичкиот јавен обвинител, Вангеловски рече дека никогаш не била спорна оваа негова надлежност, туку надлежноста на специјалниот јавен обвинител да поднесува  барање за заштита на законитоста.

„Никогаш сме немале никаква дилема дека републичкиот јавен обвинител е надлежен да поднесе барање за заштита на законитоста и немаме дилема дека поднесувањето барање за заштита на законитоста до Врховниот суд од страна на  републичкиот обвинител претставува мешање во работата на специјалниот обвинител или рушење на неговата автономија. Специјалниот јавен обвинител си има своја надлежност да ги гони сторителите на одредени кривични дела, во тоа никој не го попречува, ниту оваа пресуда значи што било во насока на попречување да го гони  сторителот на кривично дело којшто го гони“, рече Вангеловски.

„СЈО нема никакви ингеренции да повлекува туѓо барање бидејќи не е странка во оваа постапка, а може да поднесе сопствено, како што веќе има поднесено. Кривичниот совет веќе донел решение со кое ја уважил жалбата на СЈО и предметот е вратен на судија на претходна постапка. Работа на СЈО е да ги анализира разговорите и да обезбеди конкретни докази за да може потоа да ги обвини прислушуваните лица за кривично дело“, истакна Вангеловски, според кого нелегално прислушуваните разговори не може да се користат како доказ, туку само како индиција за постоење на кривично дело. Вангеловски најави дека наскоро ќе ја повикаат судијката Мирјана Лазарова – Трајковска на седница за утврдување дали аудиовизуелните снимки може да се користат како докази.

Хелсиншкиот комитет за укинувањето на решенија за притвор од Врховниот суд во случајот „Труст“ на СЈО

Врховниот суд за решенијата на Кривичниот и Апелацискиот суд, во врска со определениот притвор за Сеад Кочан М.В