/ Прочитано:

1.192

„Вечерње новости“: Србија во октомври ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Среда, 5 јуни 2013 – Лидерите на државите од ЕУ на крајот на јуни на Европската комисија ќе и наложат да ја разработи платформата за приклучување на Србија, а датумот за официјален почеток на преговорите треба да биде определен во октомври, кога ќе биде подготвен новиот извештај на Штефан Филе за напредокот на земјата, пишува весникот „Вечерње новости“.

Според весникот шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ се наклонети на таквото сценарио.

Одлуката на Европскиот совет на 28 јуни најверојатно ќе соддржи и клаузула дека датумот на официјалниот почеток на преговорите може да се одложи, доколку се процени дека спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина не оди со очекуваното темпо, пишува весникот.

Во меѓувреме, геј двојките во Србија и натаму го чекаат законот што предвидува регистрирање на еднополовите двојки, соопштуваат белградските весници. Расправата за законот што го определува начинот на регистрирање на еднополовите двојки вчера не се оддржа, пишува „Новости“.

Од канцеларијата за човекови и малцински права, која соопшти за средбата на 4 јуни, изјавија дека расправата била одложена бидејќи некои од учесниците биле спречени да учествуваат.