/ Прочитано:

1.337

Вештак побарал поткуп за вештачење за да покаже помала сума на затаен данок

Како што информираат од Обвинителството, вештакот побарал и примил 3 000 евра со цел при вештачењето да прикаже десетпати помал износ на прикриениот данок.

Евра

Лиценцирано вешто лице е под истрага на Основното јавно обвинителство Скопје поради сомнение дека примило поткуп од 3 000 евра. Осомничениот имал лиценца за вршење на вештачење од областа на финансиското работење.

Како што информираат од Обвинителството, вештакот побарал и примил 3 000 евра со цел при вештачењето да прикаже десетпати помал износ на прикриениот данок.

„До судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор. Судијата со решение на лицето му определи мерки на претпазливост, и тоа: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање“, велат од Обвинителството.

Незадоволно од ваката одлука, Обвинителството поднело жалба до Кривичниот суд.