Судење за сообраќајката во која загина студентката Фросина Цековска
Вештакот потврди дека несреќата можела да биде избегната доколку возачот возел со помала брзина
Асистентот, кој го изработил сообраќајното вештачење, посочи дека во вештачењето се наведени и неколку варијанти и околности под кои можел да биде избегнат трагичниот исход од сообраќајната несреќа. Како една од можностите за избегнување на фаталниот судир, вештакот ја наведе брзината, односно доколку се движел со брзина од 45 километри на час и доколку забележал што се случува на пешачкиот премин, возачот ќе можел да ја избегне сообраќајната несреќа.
Пропусти имало и на страната на возачот и на страната на сега починатата студентка Фросина Цекоска, која загина во сообраќајната несреќа што се случи во април минатата година.
Како што истакна асистентот Јакуп Мамути, кој го изработил сообраќајното вештачење за сообраќајната несреќа која се случи кај Универзалната сала на булеварот „Партизански одреди“, од вештачењето се покажало дека возачот, обвинетиот Љубомир Видојковиќ, возел со 85 километри на час и поминал на зелено светло на семафорот за возила, додека, пак, жртвата поминала на црвено светло на семафорот за пешаци.
На прашањето на адвокатот на Видојковиќ до вештакот, дали е вината за несреќата кај возачот или кај жртвата, според познатите факти утврдени со вештачењето, вештакот Мамути одговори:
„Постојат пропусти во однесувањето и на едната и на другата страна, но ако треба да одговорам на прашањето на адвокатот во конкретниот случај вината е на страната на жртвата“.
На ваквото прашање реагираше мајката на починатата девојка, која низ солзи во очите гласно пред судот рече: „Ќерка ми да стане од гроб да ти одговори на ова прашање.“
На прашањето на адвокатот приговараше и обвинителката Наташа Гоџовска бидејќи, како што рече, возачот Видојковиќ се товари за пречекорување на брзината на возење, возење под дејство на алкохол и необрнување внимание на условите на пешачкиот премин.
Асистентот, кој го изработил сообраќајното вештачење, посочи дека во вештачењето се наведени и неколку варијанти и околности под кои можел да биде избегнат трагичниот исход од сообраќајната несреќа. Како една од можностите за избегнување на фаталниот судир, вештакот ја наведе брзината, односно доколку се движел со брзина од 45 километри на час и доколку забележал што се случува на пешачкиот премин, возачот ќе можел да ја избегне сообраќајната несреќа.
Покрај тоа, несреќата можела да биде избегната и доколку Фросина не потрчала по коловозот во моментот додека се приближувало возилото со кое била удрена. Доколку таа се движела со нормален од, немало да дојде до судир.
Денешното рочиште треба да продолжи со прикажување на симулација од возењето и моментот а сообраќајната несреќа.
Видојковиќ е обвинет за кривичните дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од членот 300 во врска со членот 297 ст. 1 и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од членот 301 од Кривичниот законик.
Тој, на 30 април минатата година, на булеварот „Партизански одреди“, ја прегази Цековска, по што побегна од местото на несреќата. Видојковиќ подоцна сам се пријави во полициската станица Ѓорче Петров, каде што го признал делото.
М.С.
Семејството сè уште се сомнева дека обвинетиот е вистинскиот возач