/ Прочитано:

1.612

ВИДЕО (+18): Се соблекла гола пред судијата во знак на поддршка на јавната голотија

Четврток, 8 ноември 2012 – Скандал во судница во Сан Франциско. За време на сослушување на активистката Џипси Тауб која се бори да не се забрани јавната голотија, таа неочекувано се соблекла гола пред судијата. Судскиот процес е резултат на протестот на активистите против најавуваните построги измени на законот со кој се предлага забрана на целосна голотија во јавност. 

„Голотијата не им штети на децата. Дали некогаш сте виделе расплакано дете поради тоа што видел гол човек? Што прават децата кога ќе видат гол човек? Се смеат. Тоа ги прави среќни, а не трауматизирани“. – Ова го изјавила Тауб пред судскиот совет, додавајќи дека голотијата е природна работа. Потоа, неочекувано го соблекла својот мантил и останала сосема гола, гласно зборувајќи дека нападот на слободата на телото е неуставен и неамерикански.

Законот во Калифорнија засега не забранува јавна голотија, но се санкционира секое неприкладно однесување. Што поточно се подразбира под неприкладно однесување зависи од поединечните одлуки на општините во Калифорнија. Откако властите во Сан Франциско најавиле дека ќе го заострат законот и потполно ќе забранат покажување гениталии во јавност, така почнале и протестите на активистите.

Активистите голи парадирале низ улиците на Сан Франциско

Откако активистите голи парадирале низ Сан Франциско во знак на протест, властите донеле одлука секој што низ градот ќе се шета гол, ќе треба да плати казна од 500 долари. Оваа одредба не важи кога има карневал и за време на традиционалната геј парада.