/ Прочитано:

1.460

Видео: 30 дена притвор за Александар Василевски – Нинџа, осомничен за убиство во обид

Четврток, 13 декември 2012Како што веќе објави Академик, полицијата денеска потрди дека вчера е уапсен Александар Василевски познат како Нинџа поради сомнение дека пред две недели пукал во Драганчо Стоименов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“. 

Василевски е уапсен на улица „Фуштанска“ во близина на скопската населба Ченто каде се криел во куќа на лица од албанска националност. МВР информира дека „Нинџа“ е со дебело полициско и судско досие, а досега е обвинет за  повеќе кривични дела, противправно лишување од слобода, грабнување, изнуда, предизвикување на општа опасност.

Имено, на 02 овој месец околу 22.50 часот на бул.„АВНОЈ“ додека Драганчо Стоименов, клучниот сведок во случајот „Детонатор“, се враќал пеш од тренинг кон својот дом и зборувал на мобилен телефон, од паркингот помеѓу паркираните возила му се приближиле двајца лица кои во рацете носеле пиштоли. Најпрвин едниот му се обратил барајќи од него да прекине да зборува на мобилниот телефон по што другиот  со намера да го лиши од живот Стоименов со пиштолот испукал еден проектил кон него притоа нанесувајќи му огнострелна рана во вид на расекотина во пределот на чашката на коленото на десната нога. Стоименов  исплашен за својот живот почнал да бега трчајќи и притоа слушнал уште еден истрел од огнено оружје. 

Откако оштетениот избегал по телефон му се јавил на неговиот другар со кој се договориле да го пренесе до болница. Тој побарал лекарска помош во болницата „Св. Наум Охридски“ каде лекарот му констатирал дека се има здобиено со повреда во вид на гребаница (расекотина) на чашката на коленото на десната нога.

Веднаш по настанот двајцата осомничени пеш се упатиле кон бул. „Јане Сандански“ и на автобуската постојка се качиле во такси возило и заминале во правец на населба Автокоманда.