/ Прочитано:

869

(ВИДЕО) МВР: Вредноста на запленетите 513 килограми марихуана достигнува и до 3 милиони евра

Вторник, 27 ноември 2012 – 50 годишен скопјанец на граничниот премин „Ќафасан“ е приведен поради 513 килограми висококвалитетна марихуана пронајдени во неговиот камион. Шоферот се правдал дека отишол за Албанија за да го товари камионот со цемент, не знаел дека камионот му го натовариле со марихуана. Единицата при Царинската Управа на Република Македонија ја реализирала акцијата „Заседа“, при што полицијата вели дека е пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана, на релација Албанија – Македонија и понатамошен транспорт во земјите на Западна Европа.

Полицијата во соработка со Царината, вчера го заплени најголемото количество на марихуана што некој се обидел да го внесе во земјава. Истрагата покажала дека марихуаната била наменета за западно европскиот пазар. Според првите проценки, марихуаната во продажба би постигнала вредност и до 3 милиони евра. Дрогата веднаш е пренесена во депото на МВР Оперативната акција се вика „Заседа“.

Приведен е само шоферот на камионот кој изјавил дека отишол за Aлбанија да му го натоварат камионот со цемент. Го оставил камионот за товар, но не видел кои лицата го вршат товарот.

Според полицијата дрогата од Албанија, преку Македонија била наменета за европскиот пазар, а МВР истражува за потеклото на истата и дали запленетата марихуана е дел од истиот меѓународен канал за шверц на марихуана од пред извесно време, при што поголеми количини беа запленети во Унгарија и Хрватска.