/ Прочитано:

5.114

Видео на Институтот „Член 1“ со Елена Михајлова-Стратилати посветено на човековите права

Институтот за глобални политики и право „Член 1“, во рамките на серијалот #Градиме_Идеи , објави видеа посветени на човековите права. Во видеата зборува проф. д-р Елена Михајлова-Стратилати од Катедрата на меѓународно јавно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Професорката Михајлова-Стратилати во првото видео дава одговор на прашањето: Што се човековите права, кој ги доделува, кој ги штити и кој најчесто ги прекршува?

#Градиме_Идеи  е програма што ја развива „Член 1“ со цел да промовира идеи, теории и концепти од меѓународните односи и меѓународното право. Институтот за глобални политики и право е основан на 30 мај 2017 година. Институтот работи на полето на меѓународното право и меѓународните односи со посебен фокус на државите од Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.

Нашата мисија, велат од Институтот, е да придонесеме кон постигнување на целите поставени во членот 1 од Повелбата на Обединетите нации. Институтот има цел да стимулира јавна дебата за прашањата од областа на меѓународните односи и меѓународното право; да придонесе кон унапредување на процесите на носење одлуки во областа на меѓународните односи и меѓународното право; да влијае врз институциите во насока на разбирање, прифаќање и примена на меѓународното право и мирното решавање на спорови и да промовира постојни и да развива нови, креативни пристапи на полето на меѓународните односи.

Линкот до сите видеа е достапен тука

М.В