/ Прочитано:

1.508

Видеонадзор во зградите со усогласени одредби за домувањето и заштитата на личните податоци

Во предложените измени на Законот за домување, се предлага и менување на член 12-а. Целта на менувањето на овој член е усогласување со Законот за заштита на личните податоци.

„Заради заштита на животот или здравјето на станарите, односно домарот, заштита на сопственоста на заедничките делови на повеќестанбената зграда и/или контрола над влегувањето и излегувањето на влезот од повеќестанбената зграда, по претходна писмена изјава за согласност од сите станари, односно закупци на становите може да се воспостави и врши видеонадзор согласно со прописите за заштита на личните податоци“, се пропишува во постоечкото законско решение.

Во предложените измени се предлага: Заради заштита на животот или здравјето на станарите, односно домарот, заштита на сопственоста на заедничките делови на повеќестанбената зграда и/или контрола над влегувањето и излегувањето на влезот од повеќестанбената зграда, по претходна писмена изјава за согласност од најмалку 70% од вкупниот број на сопственици, станари, односно закупци на становите може да се воспостави и врши видеонадзор согласно со прописите за заштита на личните податоци.

Што се пропишува во Законот за заштита на личните податоци за вршењето видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти?

За вршење видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти задолжително е потребна писмена изјава за согласност од најмалку 70% од вкупниот број на сопственици, станари, односно закупци на становите, се пропишува во Законот за заштита на личните податоци.

По обезбедување на согласноста, потребно е сопствениците, станарите, односно закупците на становите задолжително да се информираат за отпочнување на функционирањето на системот за вршење видеонадзор.

Забрането е пренесување на снимките од видеонадзорот во едностанбените и повеќестанбените објекти преку кабелска телевизија (јавна или интерна мрежа), преку интернет или други електронски средства за пренос на податоци.

Забрането е снимање на влезови на индивидуални станови на други сопственици, станари, односно закупци.

Вршење видеонадзор во едностанбени и повеќестанбени објекти

М.В