/ Прочитано:

5.081

Видови тужби за заштита во работните односи

Автор: Проф. д-р Кирил Чавдар Објавено: 2010 год.


Вовед – општо за правозаштитните средства

Пред да се даде приказ на видовите тужби за заштита во работните односи, нужно да се даде краток осврт на тоа што се тоа правозаштитни средства, бидејќи тужбата претставува еден вид, и тоа најмаркантен, во регистарот на таквите средства. Под правозаштитни средства, всушност се подразбираат оние средства за правна заштита кои носителот на едно субјективно  право може да ги користи преку обраќање до друг субјект, односно до државен, или до друг, според закон определен орган, заради заштита на своето право. Според тоа, предмет на ова разгледување не е самозаштитата (самопомош, нужна одбрана) т.е. остварување на своето право со сопствено фактичка акција, без обраќање на субјектот до надлежниот орган.

Во теоријата на правото, како средства на правната заштита се проучуваат тужбите и приговорите. Тужбата претставува иницирачко средство за поведување на постапка пред надлежниот орган кој, со своја одлука,  треба да го разреши спорот меѓу носителите на субјективните права. Таков карактер има и противтужбата… (Прочитај ја целата статијa)