/Прочитано:

1.098

ВИМ ФОКЕ, ПРЕДАВАЧ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА АКАДЕМИК: Планот за човечки ресурси на адвокатска фирма треба да има построги прописи за доверливост

Фоке, како директор на магистерските студии за човечки ресурси и развој на таленти при „ИЕ Школата за бизнис“ во Мадрид, Шпанија, ја координира и ја управува работата на Факултетот за хуманистички науки и технологија во напорите да ги образува идните светски професионалци кои ќе ја користат моќта на науката, на комуникациите и на технологијата. Целта на Фоке и неговиот тим е создавање на професионалци кои ќе се справат со најголемите предизвици со кои се соочуваат владите, бизнисите и општеството во целина.

Вим Фоке

Вим Фоке, експерт во полето на човечките ресурси, со долгогодишни работно искуство, пред учесниците на Меѓународната конференцијата „Управување со правни ризици: правни трендови“, во организација на Академик, ќе го сподели своето знаење во однос на дизајнот на организациските структури, управувањето со промените и развојот на таленти.

Фоке, како директор на магистерските студии за човечки ресурси и развој на таленти при „ИЕ Школата за бизнис“ во Мадрид, Шпанија, ја координира и ја управува работата на Факултетот за хуманистички науки и технологија во напорите да ги образува идните светски професионалци кои ќе ја користат моќта на науката, на комуникациите и на технологијата. Целта на Фоке и неговиот тим е создавање на професионалци кои ќе се справат со најголемите предизвици со кои се соочуваат владите, бизнисите и општеството во целина.

Покрај тоа Фоке е и управувачки партнер во „Блумс егзекутив талент“ и „Ем ајдентити коучинг“, каде што ја игра клучната улога за поддршка на корпоративните клиенти и на вишите извршни менаџери во процесот на наоѓање на вистинските таленти, кои не само што работат на одредена позиција, туку се и дел од културата на компанијата.

Неговата експертиза опфаќа познавање на организациските структури во разни индустриски гранки, вклучувајќи ги и логистиката, медицината, индустријата на производи за широка потрошувачка, медиумите, информатичката технологија и јавниот сектор.

На Конференцијата на Академик, Фоке ќе го сподели своето искуство за управувањето на таленти. Во интервју за порталот Академик тој зборува за влијанието на глобализацијата врз повеќето бизниси, за улогата на локалната култура врз управувањето со човечките ресурси, како и за предностите од вработувањето експерт за човечки ресурси во една компанија, фирма или организација.

Кои се предностите од студиите по човечки ресурси и развој на таленти во понатамошниот развој на кариерата?

Брзиот развој на работната средина (глобализацијата, технологијата, недостигот од таленти итн.) поставува високи барања од функцијата човечки ресурси.

Постојат многу можности за возбудливи патишта во кариерата и оние што брзо ќе се образуваат во овие „нови човечки ресурси“, ќе имаат шанса да станат идните директори за човечки ресурси и таленти.

Според Анкетата за работни места за 2015 година на Националното здружение на колеџи и работодавци, дипломите по човечки ресурси се меѓу десетте најбарани. Во прилог на ова, според „Форбс“ и „УС вести“, магистратурата по човечки ресурси е една од најдобрите дипломи за да се најде работа со средна/висока плата и со високи можности за напредок.

Постојат многу нови категории на работни места, па дури и составот на главни директори во една компанија вклучува и главен директор за човечки ресурси и главен директор за учење.

Овие нови улоги бараат стручни познавања од областа на организациската психологија, позитивната психологија, алатки и техники коишто се користат за процена на изведбата и разбирање за тоа како обемните податоци можат да се применат во изнаоѓањето таленти, во нивното управување и во нивниот развој.

Кои се предностите за корпорацијата која ќе вработи образован експерт за управување со човечки ресурси?

Денес на работното место, голем дел од трансакциските активности со човечки ресурси се или автоматски или за нив се користат надворешни услуги. Позитивната трансформација доаѓа со вклучувањето на стратегиското управување со човечките ресурси, како што е организацискиот развој, позитивната психологија или технологијата на управување со изведбата, спроведени во компанијата од страна на новоформирани експерти за човечки ресурси.

Напредокот во работата и постигнувањата се резултат на луѓето и на тимовите што работат заедно и што заедно ги исполнуваат своите задачи. Стратешките партнери за човечки ресурси можат значително да помогнат во интегрирањето на бизнис-линиите, тимовите и работниците за постигнување на заедничка цел.

Со користењето на релевантни параметри за мерење на влијанието на однесувањето врз нето-заработката, експертите за човечки ресурси можат да обезбедат повисок поврат на инвестициите, кога се работи за луѓе.

Експертите за човечки ресурси ја приспособуваат стратегијата на компанијата за мотивирање и награди, настрана од платата и дополнителните погодности кои следуваат по закон, преку воведување можности и олеснувања во пакетот за вработување и со тоа ја зајакнуваат ефикасноста на компанијата.

Академик правна литература

Имајќи предвид дека сте експерт за организациски структури во различни бизниси, може ли да ни кажете дали и како се разликува управувањето со човечките ресурси од еден до друг бизнис?

Постојат разлики во управувањето со човечки ресурси меѓу новозапочнатите и зрелите бизниси, меѓу услужните компании и индустриските производители. Некои од тие разлики се суптилни, други пак се очигледни, во зависност од природата на работата. Овие разлики се во врска со организациската поставеност, со начинот на управување, со управувањето со изведбата, со работното време, со правилата на облекување, со финансискиот надоместок, со начинот на комуникација итн.

Планот за човечки ресурси на една стартап компанија на интернет може сосема да се разликува од планот за човечки ресурси на една адвокатска фирма. Планот на една адвокатска фирма веројатно ќе има построги прописи за доверливост врз основа на природата на работата. Структурата на матрица меѓу адвокатите и останатиот придружен персонал и високите напори за задржување се другите примери за тоа.

Со оглед на вашето искуство во оваа област во повеќе земји, можете ли да ѝ откриете на нашата публика како влијае културата на една земја врз управувањето со човечките ресурси?

Со влијанието на глобализацијата врз повеќето бизниси, денес многу работници имаат меѓународни улоги, а разликите што ги носи локалната култура имаат големо влијание на тоа како ja вршат својата работа. Овие особености од локалната култура (како што се: начинот на одржување состаноци, посебни извештаи, односот при комуникацијата) можат да бидат наметнати од челниците, кои пак исто така треба да ги имаат предвид и корените на разликите во културата на своите работници за да се справат со нив.

Хофстеде (1991) наведува четири димензии на националните културни разлики што можат да влијаат на работното место. Тие се: односот кон хиерархиската поставеност; индивидуалноста наспроти колективноста; машкоста наспроти женскоста и односот кон избегнување на несигурноста. Подоцна беше додадена и петта димензија – краткорочна наспроти долгорочна ориентација.

Балансирањето меѓу глобалното и локалното е постојана грижа на одделите за човечки ресурси. Меѓународниот тек на таленти треба да ги земе предвид разликите во културата во рамките на компанијата кои се однесуваат на локалните потреби, работните навики или приспособувањето на стратегиите. Најголемиот предизвик е овие локални пристапи во човечките ресурси да се стават во контекст на глобалната политика и глобалните стандарди.

Конференцијата на Академик, на која како предавач ќе настапи Вим Фоке, ги обединува лидерите во правниот свет кои се занимаваат со управувањето со правни ризици, а оваа година акцентот ќе биде ставен на правните трендови, односно на запознавање на нашите учесници со најновите и најдобрите правни практики во сферата на правниот дизајн, со алтернативните правни практики во адвокатските компании, со новините во користењето на правните услуги, со усогласеноста со законите и етичките норми со придобивките што ги има компанијата од работата на својот главен правен застапник, со управувањето со таленти и со регионалните правни достигнувања.

Академик ви стои на располагање на 02/3232-821, формуларот за регистрирање можете да го најдете тука, а повеќе информации можете да најдете на www.akademikconference.com.mk .

Наскоро очекувајте го претставувањето и на останатите предавачи на овогодишната конференција на Академик.

АКАДЕМИК КОНФЕРЕНЦИЈА Управување со правни ризици: Правни трендови – Skopje Legal Risk Management: Legal Trends, 18 – 19 октомври, 2016 година