/ Прочитано:

536

Висината на платите – главна тема на разговор меѓу јавниот обвинител и претседателот на УПОЗ

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија одржа работна средба со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РСМ, на која се разговараше за подобрување на условите за работа на вработените во јавните обвинителства. Висината на платите и додатоците  за јавнообвинителските службеници, можностите за нивно унапредување и за признавање на стекнатото образование, пополнувањето на испразнетите работни места, како и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници беа теми за кои стана збор на средбата.

Љубомир Јовески ја истакна заложбата на Обвинителството во рамки на буџетот на Обвинителството да се создадат услови за подобрување на состојбата на јавнообвинителските службеници, како и  редовната комуникација со Министерството за правда, каде што се бара носење на нови законски решенија со кои уште повеќе би се подобриле и би се зголемиле правата на вработените“, соопштуваат од Обвинителството.

М.В