/ Прочитано:

1.536

Владата ги прифати законските измени за упростување на постапките за напредување на административните службеници

По предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го прифати Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, со кој во голема мера се упростуваат постапките за напредување и усовршување на вработените во државната администрација.

Измените на Законот за административните службеници беа и претходно најавени од Министерството за информатичко општество и администрација. Во месец август оваа година од Министерството најавија дека измените се во подготовка, појаснувајќи дека тие имаат за цел подобрување и поедноставување на постапките за селекција, унапредување и оценување на административните службеници, со што ќе се зголеми бројот на компетентни кандидати за вработување, но ќе се придонесе и за задржување на квалитетни и мотивирани вработени во јавната администрација во Република Македонија.

М.В