Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките
Владата на РМ ги усвои предлог-законите за изменување на законите за банки и за Управата за јавни приходи
Со усвојување на предлог-законите за изменување на законите за банки и за Управата за јавни приходи се овозможува пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките. Тоа, велат од Владата, на Управата ќе ѝ овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход. Со предлог-законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците.
Министерството за финансии во месец ноември најави дека подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи. Измените, посочуваат од Министерството, се предлагаат заради усогласување со одредбите од Законот за банките.
„Измените се предлагаат со цел заштита на даночните обврзници во случаи каде е предвидено Управата за јавни приходи да добива податоци за приливите на сметките на обврзниците. Имено, Управата за јавни приходи меѓу другото ќе спроведува технички, организациски и други мерки за заштита на податоците обезбедени согласно овој и/или друг закон, со цел нивна заштита од губење, уништување, или недозволен пристап, неовластена примена и секаква друга злоупотреба. Овој нацрт текст на законот е усогласен со Дирекцијата за заштита на лични податоци“, образложија од Министерството.
Потребата од прецизирање на Законот за Управата за јавни приходи беше актуализирана откако Дирекцијата за заштита на личните податоци истакна дека измените на Законот за банките во врска со увидот на УЈП во сметките се спорни од аспект на заштитата на личните податоци.
Ќе се прецизираат измените на Законот за банките
Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура
Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот
Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис
УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за пензионерите
Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура
Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ
Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа
Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа
Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход
Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа
Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување
Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар
„Фајнанс тинк“ за буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход
Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници
М.В