/ Прочитано:

1.313

Владата го повлече Предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти

„Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство (МТВ) организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.

Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки“, соопштуваат од Владата.

Најавена законска дистинкција меѓу објектите за лично домување и станбените згради за профит

Асоцијацијата на архитекти на Македонија против повторно носење на нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Кривичното дело „Бесправно градење“

Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Бесправно изградени објекти според Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница

Барање за автентично толкување: Дали „Google Earth“ може да се користи во постапката за легализација на бесправно изградени објекти?

Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница по скратена постапка

Предложен нов Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти по скратена постапка

М.В