Владата објави дополнителни објаснувања за новите рестрикции

Владата објави дополнителни одлуки и објаснувања за работното време, за работата за маркетите и аптеките, за волонтерската работа во општините и за граѓаните со домашни миленичиња во новите услови со дополнителни рестрикции на движењето.

„Како дополнување на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-та седница, за продолжена забрана за движење од понеделник до петок и за време на викендите, Владата заклучи дека за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, да им дозволи на сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот, a во деновите сабота и недела, наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот,  најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно оваа одлука, Владата  ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, на подрачјето на Градот Скопје, за вработените лица кои работат во овие институции и фирми, а живеат надвор од подрачјето на градот Скопје и патуваат секојдневно на работа, работодавачот да ги упати овие лица на задолжителна работа од дома, без физичко присуство на работното место за време на вонредната состојба.

Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, во насока работното време да го прилагоди согласно забраната за движење, која се смета за донесена на оваа седница на Владата.

Согласно ова, се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, да го прилагодат работното време за административните и јавните службеници, односно истите да завршат со своите работни задачи и активности, со цел пред почетокот на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно пред 16:00 часот да можат да бидат во своите домови.

Владата го задолжи Министерството за здравство веднаш да подготви план за работа и организација на сите јавни и приватни здравствени установи, како и аптеките во општините на територијата на Република Северна Македонија.

Согласно оваа одлука, Владата ги задолжи Општинските кризни штабови да определат економски оператори/и – маркет/и од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на територијата на Република Северна Македонија, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа за време, во деновите сабота и недела.

За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

Како и за сите претходно донесени одлуки, заклучоци, мерки и препораки на Владата, исто и за оваа мерка важат исклучоците за вработените лица во Министерството за внатрешни работи, припадниците на Агенцијата за национална безбедност,  Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институции претходно опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани.

Овие дополнителни одлуки и објаснувања се донесени врз основа на Одлука за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-та седница, со која од 8 април 2020 година (среда), со која се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, од понеделник до петок, во временски период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, како и за време на викенд деновите од 16:00 часот во петок, до 5:00 часот во понеделник, дополнета со забраната движење на населението со возраст над 67 години, од понеделник до петок во временски период од 12:00 часот до 10:00 часот наредниот ден, и забраната за движење на децата и младите на возраст до 18 години, од понеделник до петок во временски период од 15:00 часот до 13:00 часот наредниот ден, со забраната за собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и површини, со исклучок на лица помлади од 14 години кои се во придружба на родител кои се дел од групата“, соопштуваат од Владата.

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работниот однос

Дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава

Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Објавена централна веб-страница koronavirus.gov.mk за сите информации за КОВИД-19

Министерството за финансии со повеќе сценарија за коронакризата

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Нов пакет економски мерки за справување со кризата

Усвоена уредба за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба

Нови одлуки за заштита од коронавирусот

Спроведени 7633 инспекциски надзори

Апелациониот суд: Се одложуваат јавните седници и расправи

Народната банка: Денарот е и ќе остане стабилен

Сите документи потребни за аплицирање за бескаматните кредити на Развојната банка се достапни по електронски пат

Известувања од судови и од други институции

Хрватската адвокатска комора со Предлог-закон за интервентни мерки во областа на судските и управните постапки

Нова уредба: Банките и штедилниците ќе можат да им понудат на граѓаните и на фирмите одложување на исплатата на ратите

Нови одлуки за заштита од коронавирусот: забрани и уредби

Од полноќ почнува аплицирањето за првата бескаматна линија кредити како поддршка на бизнисот

Новите одлуки во врска со заштитата од коронавирусот

Уредба за запирање на примената на Законот за извршување

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди за родителите ослободени од работа

За четири дена спроведени над 11 илјади инспекциски надзори

Начин на предвремено плаќање на месечни аконтации на данокот на добивка за 2020 година

Забрана за отворање стечај на фирма, една од мерките за справување со последиците од коронавирусот

Дополнителни ограничувања на движењето на граѓаните

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Фабриките ќе работат во смени и за време на полициски час

Соопштение за дневните дозволи за работа после 21 часот

Воведен полициски час

МВР и АРМ ќе прават детален оперативен план за спроведување најстроги рестриктивни мерки

Регулаторни измени за олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити

ХК: Работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и со адвокат

Кривичниот суд: Листа со броеви на предмети по судии кои ќе се одржуваат во следните 30 дена

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Адвокатската комора бара воведување економски мерки во врска со коронавирусот

Адвокатската комора: Не е време за лажна загриженост

Нови дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Бескаматни кредити, субвенционирани придонеси, намалена каматна стапка за кредити

Филипче: Што значи вонредна состојба?

При постоење на вонредна состојба Владата донесува уредби со законска сила

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата

Разлики во прогласување вонредна и кризна состојба

Уставните одредби за вонредната состојба

Кривичниот суд: Ќе се продолжи со судење само на итните и неодложни предмети

Владата: Вонредна состојба веднаш

Кривичниот суд: Вршиме темелна дезинфекција на судниците и на просториите

Управниот суд: Се одложуваат сите судења, освен итните

МВР: Изменето работно време на отсеците за управни работи

Да се продолжат роковите за отплата на кредитите и да има финансиска поддршка за компаниите, препорачуваат од „Фајнанс тинк“

Советот на Народната банка донесе неколку одлуки за поддршка на економијата  

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување обрасци за даночниот биланс

Донесена пресуда за непридржување до здравствените прописи за заштита од коронавирусот

Граѓанскиот суд: Известување за одложување на рочишта

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи

Филипче: Апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките, eпидемијата е во силен ек

Народната банка: Заради заштита на здравјето да се намали употребата на денарската и девизната готовина

Судскиот совет донесе одлука за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од коронавирусот

Советот за безбедност: Поставеноста на државата во овој момент е соодветна

Замрзнати цените на основните продукти

Препораки до Судскиот совет за судењата и препораки до коморите на адвокатите, нотарите и извршителите

Нови заострени мерки за заштита од коронавирусот

Задолжителни упатства на Јавното обвинителство во врска со коронавирусот

Министерството за здравство: Првата пациентка со коронавирус денеска заминува на домашно лекување

Одложување на мартовската уписна сесија

Адвокатската комора: Соопштение за работно време со странки

 Адвокатската комора со барање за воведување мерки за заштита од коронавирусот во правосудниот систем

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В