/ Прочитано:

2.623

Владата објави информација за новите поедноставени процедури за пријавување и плаќање персонален данок

Управата за јавни приходи работи на имплементација на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход кои опфаќаат поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на данокот, известуваат од Владата на Република Македонија.

Во врска со промените за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок од Владата го објавија следното соопштение:

Кон крајот на минатиот месец, Владата на Република Македонија усвои информација за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање персонален данок на доход“, проект финансиран од ИПА-фондовите, чие спроведување ќе придонесе за олеснет начин на комуникација на Управата за јавни приходи со даночните обврзници и ќе се поедностави начинот на пресметка и наплата на персоналниот данок на доход.

Проектот предвидува и намалување на административните процедури и трошоци.  Од Владата нагласија дека со ваквиот нов пристап се очекува зголемена наплата на персоналниот данок на доход за околу 50 отсто.

Поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок

(I фаза)

Изготвување и поднесување електронска пресметка (е-ППД) од фирмитеисплатувачи, за исплата на приход и за пресметка на ПДД што се плаќа по одбивка;

Изготвување и поднесување на електронска пресметка (е-ППД) од граѓанитефизички лица, за остварен приход и за пресметка на аконтација ПДД;

Издавање и доставување електронски налог од УЈП до носителите на платен промет заедновремена и неделива исплата на приходот на физичкото лице и уплата на ПДД по одбивка;

Можност граѓанинот во текот на целата година да има увид (извештај) за неговите приходи за кои е платен ПДД по одбивка од страна на фирмитеисплатувачи;

Поднесување барања за користење на даночните олеснувања и ослободувања според договорите за одбегнување на двојното оданочување, за приходи што се остварени во странство.

(II фаза)

Издавање пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, за остварените приходи, пресметаниот и платениот ПДД за граѓаните;

Можност граѓанинот да ја добие пополнетата Годишна даночна пријава изготвена од страна на УЈП и истата да ја потврди.

Поедноставување на процедурите за известување и плаќање персонален данок на доход

М.В