/ Прочитано:

2.076

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

Владата донесе одлука предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, во согласност со законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.

Владата на Република Македонија, на денешната седница, одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Владата донесе одлука предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, во согласност со законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.

На денешната владина седница, разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Република Македонија, Васе Доневски. За нов директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија е именуван Пеце Мирчески.

На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во Тетовско, поради излевањето на Поројска Река  и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која ќе излезе на  терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено, дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска Река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.