/ Прочитано:

2.834

Владата со нови препораки до работодавачите и до Јавното обвинителтсво

„Како дополнување на заклучоците и препораките од 19-тата седница, Владата на Република Северна Македонија упатува препорака до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да даде упатства и препораки за итно и приоритетно постапување на сите јавни обвинителства во државата во постапките процесуирани од страна на надлежните институции во врска со донесените одлуки, мерки и препораки од страна на Владата на Република Северна Македонија, и другите надлежни државни институции.

Владата им препорачува на сите работодавачи во Република Северна Македонија, односно на секое раководно лице во институциите, во зависност од типот на работата и можностите, да ја организира работата и начинот на работата на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата.

На оваа седница Владата донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за  спречување на внесување и ширење на коронавирусот со која се затворааат сите копнени гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце. На граничните премини кои се затворени за премин на патници и возила, се дозволува исклучиво премин на товарни возила“, соопштуваат од Владата.

На следните линкови можете да ги преземете:

Нацрт записник со сите заклучоци од 19-тата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март 2020 година, тука.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, тука.

На вечерашната владина седница,  Владата донесе заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус:

  • Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила;
  • Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка;
  • Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство;
  • Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки.
  • Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките;
  • Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници.

Воведена кризна состојба во Дебар и во Центар Жупа

Објавени сите забрани за ширењето на коронавирусот

Кривичниот суд во врска со коронавирусот: Пред сè адвокатите, кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат

Најнова листа на земји со среден и висок ризик

Судскиот совет: Граѓаните да се јавуваат во судските постапки само ако е тоа неопходно

Министерството за здравство со нови совети за заштита од коронавирусот

Катастарот со променето работно време

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост

МИОА апелира да се користи можноста за добивање услуги по електронски пат

Нови мерки за заштита од коронавирусот

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата

„Фајнанс тинк“ за заканите од коронавирусот за економијата

Филипче: Препораките за заштита од коронавирусот важат и за приватните компании

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

НБ: Коронавирусот се одразува врз глобалната економија, но сѐ уште се неизвесни економските ефекти

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

Кривичните дела и казните за непочитување на препораките на Владата за коронавирусот

Интегрален текст на заклучоците на Владата за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство со информации за заштита од коронавирусот

Градинките, училиштата и факултетите да бидат затворени следните 14 дена препорача Комисијата за заразни болести

Лекарската комора апелира лекарите и здравствените работници да се придржуваат до препораките за коронавирусот

ФИЛИПЧЕ: Граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од овој вирус

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

Препораки од Министерството за здравство за заштита од коронавирусот

Владата донесе препораки за заштита од коронавирусот

Формирана кризна група за сите информации и активности во врска со коронавирусот

М.В