/ Прочитано:

1.654

Владе Богданоски предложен од Собранието на РМ за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предлага Владе Богданоски, дипломиран правник со положен правосуден испит.

Седница Судски совет

По речиси три месеци, Собранието повторно предлага избор на нов член на Судскиот совет од редот на членови кои ги бира законодавниот дом.

Мандатот на Кизов траеше само три месеци поради исполнување на условот за пензија.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предлага Владе Богданоски, дипломиран правник со положен правосуден испит.

Во биографијата на Богданоски е наведено дека работел како правник во фабриката „Готекс“ Гостивар, но бил и секретар, директор на правен сектор и в. д. директор. Од 1994 година работи како адвокат сè до 2006 година кога е избран за јавен правобранител, односно државен правобранител за подрачјето на Скопје. Богданоски сè уште ја извршува оваа функција.

Тој во својата кариера работи на предмети поврзани со граѓанската материја. Како државен правобранител работи на сите видови спорови од граѓанската област: работни спорови, спорови за штети, отштетни побарувања во кривичните постапки, стопански спорови, управни спорови, спорови со меѓународен елемент во кои Репулика Македонија се јавува како странка, постапки поврзани со арбитражи пред меѓународните судови, постапки кои се водат во странски држави против РМ.

Активно учествува и како член на Комисијата на Законот за измена и дополнување на Законот за извршување, а бил дел и од тимовите што ги подготвувале законите за државното правобранителство, експропријација, приватизација и закуп на градежно земиште и други.

Според Законот за Судски совет:

  • тројца членови на Советот ги избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија и
  • двајца членови на Советот предлага претседателот на Република Македонија, а изборот го врши Собранието на Република Македонија, од кои еден е припадник на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

На огласот за избор на член на Совет по предлог на Собранието на Република Македонија може да се јави секое лице кое во моментот на објавувањето на огласот ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија со положен правосуден испит и кое во вршењето на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно делување и
  • да ужива углед, да поседува интегритет за вршење на функцијата член на Совет и да поседува социјални способности за вршење на функцијата член на Совет, за што се спроведуваат тестови за интегритет и психолошки тестови.