ВМРО-НП: Приведен е членот на Извршниот комитет на ВМРО-НП, Слободан Близнаковски
Понеделник, 15 април 2013 – ВМРО-Народна партија синоќа ја информираше јавноста дека координаторот на Изборната единица 3 на општинските избори во Велес и член на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, Слободан Близнаковски, по одржувањето на партиски состанок со ОК Велес во Велес е приведен од страна на полицијата.
„Приведен е од страна на полицијата и лишен од слобода без претходно објаснување од страна на органите на полицијата“, се вели во соопштението на партијата чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски. Според неофицијални информации Близнаковски бил приведен наводно поради закани кон советничка од Велес.